Легендарниот германски ракометар Уве Генсхајмер и официјално се збогуваше од ракометот, со ревијален меч помеѓу Рајн Некар Левен и тим одбран од него.
Мечот се одигра во Манхајм пред 13.200 гледачи.
Генсхајмер во својата кариера настапуваше само во Рајн Некар и во ПСЖ. За Германија одигра 204 натпревари.
Тој ја објави својата пензија уште во мај минатата година, но сега и официјално го одигра последниот меч во ракометот.