сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 95
home Ракомет

Уште тројца македонски ракометари позитивни на коронавирус

Уште тројца македонски ракометари позитивни на коронавирус

Ракометниот клуб Пролет денеска соопшти дека уште тројца ракометари од нивните редови се тестирале позитивни за коронавирусот. Тоа го покажале резултатите од последното тестирање меѓу сите членови на ракометниот клуб.

Согласно здравствените протоколи, тројцата заболени се ставени во самоизолација, а сите останати ракометари остануваат изолирани, надвор од тренажен процес.

Вкупно 12 ракометари на Пролет моментно се позитивни на Ковид-19.

Пролет не продолжува со тренинзи, се додека не бидат создадени услови за такво нешто со стабилизација на бројот на заболени во тимот. (МИА)

Коронавирус