среда, 8. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Ракомет

Уште не заиграл за Вардар, а веќе ги налути Комитите: Талевски пее „Металург, ти си шампион“ (ВИДЕО)

Уште не заиграл за Вардар, а веќе ги налути Комитите: Талевски пее „Металург, ти си шампион“ (ВИДЕО)

Социјалните мрежи особено групите на Комитите, навивачите на Вардар, како и лични профили на „црвено-црните“ фанови вријат по снимката што се појави вчера.

Имено, на групата Фанови на СД Вардар Скопје се појави видео како екс играчите на Металург, Мартин Томовски, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски и Фили Талевски ја пејат химната на клубот од Автокоманда.

Секако во очи веднаш падна новото засилување на Вардар, Талевски кој качен на стол скандираше и ја пееше химната „Металург, ти си шампион“.

Ова беше доволно да добие голем број негативни коментари и критики од навивачите на Вардар кои тешко ќе му го заборават и простат ова во догледно време.

„Дали вредеше да му дадеме шанса за да си ја спаси кариерата (снимено денес, играч на Вардар ја пее химната на ривалскиот клуб)?“-напишаа вчера Комитите.

Парламентарни избори 2020