четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Ракомет

Уште не почна сезоната – операција за бразилското засилување во Вардар! (ФОТО)

Уште не почна сезоната – операција за бразилското засилување во Вардар! (ФОТО)

Еден од новите ракометари во Вардар, Бразилецот Жозе Толедо, ќе ја почне сезоната многу подоцна од своите соиграчи. На својот прфил на Инстаграм, тој денеска соопшти дека му била направена операција на десното колено.

Десниот бек кој дојде од Висла имал проблеми со менискусот на десното колено, постара повреда, која го мачела и на подготовките во Требиње. Лекарскиот тим, играчот и тренерот Давид Писонеро, решиле дека е најдобро операцијата да се направи сега, за да може да биде достапен во вториот дел од сезоната.

Според 25-годишниот Толедо, паузата за рекуперација од овој хируршки зафат ќе трае околу три месеци

„Ќе бидам три месеци ‘во аут’, поради операција на менискусот. Ова не е начинот на којшто сакав да ја почнам сезоната, но…ќе се вратам посилен. Што не те убива, те прави посилен“, напиша Толедо покрај својата фотографија од болнички кревет.

Со оглед дека прв избор на дековската позиција е Даинис Криштопанс, отсуството на Бразилецот нема длабоко да ја наруши играта на Вардар ниту на претстојниот Супер глоуб, во Саудиска Арабија последниот викенд од август, ниту на почетокот на сезоната во ЛШ, закажан за 14 септември.