Скопски Металург доживеа нов дебакл од групната фаза од Европската лига на ЕХФ. Тимот од Автокоманда загуби сега на гости кај Фајверс сега 44-30 во Виена и останува закован на дното од табелата.
Избраниците на Димитриоски во текот на целиот натпревар бркаа резултат, но разликата констатно беше над осум гола.
Највисоко што Фајверс водеше на натпреварот беше во финишот, кога на семафорот стоеше +15 поточно 45-30.
Македонскиот претставник во Европската лига на ЕХФ го чека домашен натпревар против Адемар Леон.