среда, 19. јуни 2019. Вести денес: 119
home Ракомет

Урош Зорман се пофали, ама еве кој е нов тренер на Вардар!

Урош Зорман се пофали, ама еве кој е нов тренер на Вардар!

Македонскиот и актуелен европски првак Вардар ја продолжува традицијата со ангажирање на шпански експерти на клупата на шампионскиот тим. Откако Урош Зорман не се договори со управата на „црвено-црните“, нов предводник ќе биде искусниот стратег на Ваљадолид, Давид Писонеро. Тој потпишал едногодишен договор со клубот и сега е во потрага по нови играчи.

Преговорите со легендата на словенечкиот ракомет Урош Зорман беа во завршна фаза, но двете страни не се договориле околу помошниците на тренерот. Додека се одржуваше Ф4 турнирот во Келн од Словенија стигна потврда дека Зорман го презема Вардар. Словенецот барал да донесе свои луѓе во стручниот штаб, додека управата на „црвено-црните“ инсистирала помошник да биде шпански тренер. На крајот наместо Зорман во Скопје ќе се дојде уште еден искусен тренер од познатата школа на Ваљадолид, Давид Писонеро.

Деновиве дел од управата на македоонскиот клуб била забележана во друштво на новиот тренер на Вардар во еден познат скопски локал. Тој бил пристигнат на преговори. Овој 46-годишен шпански стратег ќе дојде на клупата на Вардар по Роберто Парондо Гарсија и Раул Гонзалез тренери кои ги однесоа „црвено-црните“ до врвот на Лигата на шампионите. Писонеро и Гонзалез ги поврзува и играчката кариера, во тимот на Ваљадолид каде биле одличен тандем, а соработката меѓу пикерот и централниот бек му донела многу важни титули на шпанскиот тим. Писонеро беше предводник на клупата на Ваљадолид изминативе 18 месеци.

Иако шестмина ракометари на Вардар заминаа, а имаше и најава за „црно сценарио“ клубот излезе од криза и сега се подготвува за новата сезона каде ќе брани четири трофеи, а ќе се обиде и првпат да стане „светски клупски првак“ бидејќи ќе настапува на Супер Глоуб на крајот на август. Тоа е единствен трофеј што им недостасува во клупските витрини.

Извор: 24ракомет