Ракомет

Убедлива победа на РК Алкалоид во рамките на Европскиот Куп на ЕХФ во Италија

Убедлива победа на РК Алкалоид во рамките на Европскиот Куп на ЕХФ во Италија

Екипата на Алкалоид одигра доминантен дуел на гостински терен кај Бриксен, славеше со резултат 32-43 (18-23) и гледа кон следната фаза во Европскиот куп, третото по ранг натпреварување на ЕХФ.

Тимот на Кирил Лазаров доминираше на гостувањето од почетокот до крајот и заслужено се радува на европската победа, петта за клубот оваа сезона по четирите прeдходни.

Игор Ѓорѓиев со 7 гола заврши како најефикасен во составот на Алкалоид, додека Серафимов и Петковски постигнаа по 6 гола. Де Оливеира со 8 гола беше најефикасен кај екипата на Бриксен.

На голот на Алкалоид Кизиќ нанижа 12 одбрани, додека Галевски заврши со 8 интервенции.

Реваншот меѓу Алкалоид и Бриксен се игра во Скопје во салата „Автокоманда“ на 22 февруари.

To top