недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Ракомет

Трофејот од ракометниот Супер куп за Вардар

Трофејот од ракометниот Супер куп за Вардар

Актуелниот македонски ракометен шампион Вардар по трет пат го освои Супер купот, откако синоќа во Куманово го совлада освојувачот на купот Металург со 26:24.

Предноста од шест голови (16:10) што „црвено-црните“ ја стекнаа во првото полувреме се покажа како решавачка за конечниот исход.

Најефикасни во победничкиот тим беа Сергеј Горпишин со шест и Тимур Дибиров со пет погодоци, додека кај металурзите се истакна Стефан Додиќ со пет голови. (МИА)