понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

Тренерот на Кил распали по Червар поради повредата на Дувњак

Тренерот на Кил распали по Червар поради повредата на Дувњак

Хрватската репрезентација и Кил веќе некое време имаат остри односи, поради повредите на Домагој Дувњак. Откако конечно тој се рехабилитира и почна да игра по долгата пауза, страстите стивнаа, но во петокот против Србија повторно беше изнесен на раце од терен.

И повторно остри коментари на релација Кил – Хрватска. Тренерот на „зебрите“, Алфред Гисласон, имаше интервју за локален медиум во Германија и со многу гнев зборуваше за Хрватска и за Лино Червар.

-Некој изгледа не може да разбере дека Дувњак не беше подготвен да настапи. Не ми е јасно како се уште беше на теренот, кога тие имаа чиста победа против Србија (32-22), вели бесниот Исланѓанец.

Дувњак се повреди на три минуди до крајот на мечот, кога и можеше да биде поштеден со оглед на високото водство на Хрватска. Наредниот ден покажа дека има скинато мускулно влакно на листот на десната нога и дека сигурно ја пропушта првата фаза. За втората, Хрватите уште се надеваат дека може да се врати, што уште повеќе го лути Гисласон, бидејќи тоа ќе значи дополнителен ризик за неговиот најдобар играч, токму пред да продолжи клупската сезона.

-Ако се обидуваат да го вратат повторно да заигра на ЕП, единствените големи губитници од ова Европско првенство ќе бидеме ние, додаде тренерот на Кил.

Дувњак беше отсутен седум месеци поради операција на левото колено, но во декември се врати дури и во дресот на Кил. Тоа ги израдува Хрватите и Лино Червар, но очигледно тоа кратко траеше.

Коронавирус