сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 15
home Ракомет

Трагична вест: Почина млада ракометарка

Трагична вест: Почина млада ракометарка

Европската ракометна федерација (ЕХФ) соопшти дека голема трагедија се случила по крајот на ЕП на плажа кое се одржа во Полска, 20 годишна репрезентативка на Русија се удавила.

Изминатива недела во Полска се одржа Европското првенство во ракомет на плажа, а Данска стигна до златото и во машка и во женска конкуренција. Но по крајот на ЕП пристигна трагична вест.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) соопшти дека вчера починала ракометарка која била член на репрезентацијата на Русија.

Со повеќе детали излезе Ракометната федерација на Русија, која откри дека се работи за 20 годишната Екатерина Королева. Таа се удавила во езеро во близина на терените за ракомет.