среда, 2. декември 2020. Вести денес: 213
home Ракомет

ТРАГЕДИЈА: Загина поранешен репрезентативец на Шведска

ТРАГЕДИЈА: Загина поранешен репрезентативец на Шведска

Поранешниот репрезентативец на Шведска, Фредрик Ларсон го загуби животот во сообраќајна несреќа, информираше ракометната федерација на „Трите круни“, пренесе ДРИБЛИНГ.

Ларсон додека возел велосипед бил удрен од камион и веднаш починал на самото место.

Дресот на репрезентацијата на Шведска го носеше на едно ЕП и СП, за „Трите круни“ запиша 36 настапи, постигна 52 гола.

Во клупската кариера играше за Шевде, Хамарби, Истад, Савехоф и Алингсас. Во странство настапувашеза  шпанскиот Арагон и бундеслигашот Гумерсбах, кариерата ја заврши пред четири години.

 

Коронавирус