сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 110
home Ракомет

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Македонските ракометни судии на олимпијадата во Токио го развеаа македонското знаме од Кутлеш (ФОТО)

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Македонските ракометни судии на олимпијадата во Токио го развеаа македонското знаме од Кутлеш (ФОТО)

Најдобри македонски ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов на олимпијадата во Токио го развеаа македонското знаме од Кутлеш.

Традицијата продолжува, напиша кратко на својот Фејсбук профил Ѓорѓи Начевски.

Имено, македонските арбитри ја делеа правдата на натпреварот во кој Египет ја совлада Португалија со 37:31, додека, претходно во дербито на првото коло, Шпанија минимално ја совлада Германија со 28:27.

На преостанатите натпревари од воведното коло, Франција ја совлада Аргентина (33:27), Шведска избегна изненадување од Бахреин (32:31), додека, Норвешка беше поуспешна од Бразил (27:24), а Данска рутински го совлада домаќинот Јапонија (47:30).

Коронавирус