вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 63
home Ракомет

Тото: Не чека важен меч, клучот ќе биде во одбраната

Тото: Не чека важен меч, клучот ќе биде во одбраната

Францускиот ракометар  Жереми Тото истакна дека ако Вардар против Загреб игра како против Кил позитивен резултат е можен од новиот меч во ЛШ.

„Нашите очекувања за овој дуел се да бидеме силни како и против Кил. Во тој натпревар покажавме добро лице иако изгубивме. Сега сме фокусирани на овој натпревар. Гледавме видео-анализи и верувам дека сме спремни. Не чека многу важен натпревар, а клучот ќе биде во одбраната“, изјави Тото.

Натпреварот помеѓу Загреб и Вардар се игра утре од 20:45 часот.

Коронавирус