Победата во последното коло од квалификациите за ЕП ја анализираше повратникот во селекцијата голманот Мартин Томовски кој имаше одличен настап на овој меч.
„Среќен сум што ја остваривме нашата цел да се пласираме на едно големо натпреварување. Драго ми е, чест и задоволство секогаш да играм за Македонија, така ќе биде и во иднина. Сакам да им честитам на сите за овој момент, што заедно без разлика на се, победуваме заедно и играме заедно. Ова не е само мој момент, ние сме тим и уживаме заедно во овој успех. Ни следи Европското првенство, најважно е да останеме здрави. Здравствениот билтен е позитивен по овој меч, а до шампионатот има уште време. Сега малку ќе уживаме“, рече македонскиот голман.