Двата одиграни натпревари против Естонија и Литванија еден од најдобрите беше Мартин Томовски.
Голманот на Потсдам беше еден од двајцата повратници во најсилниот национален тим, а Томовски без никаков сомнеж ја искористи укажаната шанса од селекторот Кирил Лазаров.
Томовски блескаше на клучниот дел со Литванија и со вкупно 11 интервенции имаше 55-отстотна ефикасност на одбранети удари, па тоа направи да се најде на прво место во изборот на ЕХФ.
Европската Федерација му оддаде признание на Томовски и го избра за најдобар голман во завршницата од квалификациите, нешто што е сосема заслужено со оглед на тоа што собра и 13 интервенции против Естонија.