среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Ракомет

Толедо ќе биде подготвен за Веспрем?

Толедо ќе биде подготвен за Веспрем?

Засилувањето од Бразил, Хозе Толедо уште е на списокот на повредени и го чека своето деби за „црвено-црните“, а тоа би можело да се случи веќе на почетокот на следниот месец.

Доколку неговото заздравување оди според планот тогаш може да се очекува тој да настапи на последниот меч од овој дел од сезоната во Лигата на шампионите односно на домашен терен против Веспрем на 1 декември.

„Толедо би можел кон крајот на ноември или почетокот на декември да биде на терен. Ќе видиме како ќе биде со него пред дуелот со Веспрем, Ако биде добро тогаш може да игра, но доколку не биде подготвен нема да ризикуваме со него и ќе го почекаме за натпреварите за вториот дел од сезоната“, изјави Кокшаров.

Претходно Вардар ги има дуелите против Келце на домашен и на гостински терен, но и против Мешков Брест во Белорусија.