вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 93
home Ракомет

Темелковски: Срамен и низок чин е заминувањето на Стоилов

Темелковски: Срамен и низок чин е заминувањето на Стоилов

За директорот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Владимир Темелковски, срамен и низок е чинот на Стојанче Стоилов, кој вчера замина од манифестацијата „Спортист на годината“ на Агенцијата за млади и спорт.

Во спортот нема место за политика, расна и полова дискриминација или национализам, но очигледно некои спортисти го заборавиле најважното и светото спортско мото дека во спортот нема раса, религија или националност.

Во спортот сите се еднакви, а победуваат најупорните и најпосветените, а за оние кои предвремено се откажуваат и презентираат омраза и нетолеранција, не им е место во спортот.

Срамен и низок чин денеска од поранешен добитник на најсветата награда Спортист на годината и огромна навреда за сите присутни спортисти и добитници.

Нека му е на чест наградата која што му ја поклони АМС минатата година, за која што гласаа и Македонци и Албанци и Роми и Власи и нека ја чува гордоста за на теренот. Со вакви ситни интриги и манипулации ќе собере само поени и внимание на кратки пратеки, напиша Темелковски на својот профил.

Од друга страна, јавноста уште вчера упати поддршка за ракоментиот репрезентативец и неговиот потег да стане и си замине, кога слушнал дека добитниците на наградите од училишта од Тетово и Чаир ѝ се обраќаат на публиката на албански јазик.