четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 99
home Ракомет

Талески: Заслуживме да победиме, за влез во полуфиналето мора добро да се подготвиме

Тој додава дека ги завршиле сите обврски што им ги задал нивниот селектор Гонзалес за оваа прва група.
Талески: Заслуживме да победиме, за влез во полуфиналето мора добро да се подготвиме

Ова беше многу тежок натпревар, јас во една моја изјава реков дека ова ќе биде меч за душа, немавме никаков притисок, но ете мислам дека заслуживме да победиме, но што е тоа е, завршуваме први во групата и пренесуваме три бода во следната фаза и за нас тоа е еден голем плус затоа што за прв пат во историјата имаме ваква ситуација да пренесеме бодови во следната фаза, ова веднаш по мечот го истакна Филип Талески.

Тој додава дека ги завршиле сите обврски што им ги задал нивниот селектор Гонзалес за оваа прва група.

-Следната фаза имаме три јаки селекции каде што ако сакаме да одиме на повисоко место и да ги фатиме тие две позиции што водат во полуфиналето треба да одиграме добри три меча и треба максимално да се подготвиме, вели Талески

Коронавирус