сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Талески: Критиките се добредојдени, Македонија има светла иднина

Талески: Критиките се добредојдени, Македонија има светла иднина

Ракометната репрезентација на Македонија на Мундијалот во Египет го имаше најслабиот пласман во досегашните настапи на Светските првенства освојувајќи го 23. место со скор од една победа и пет порази.

Бекот на Вардар и на репрезентацијата, Филип Талески, во интервју Македонснката радиот телевизија вели ракометот има светла иднина, а крититике се добредојдени но некогаш дури и премногу лични.

– Дојде време ние младите да преземеме одговорност. Мора да почнеме од самите себе и да ги решиме ‘бубачките’ во главата. Критиките се добредојдени, но некогаш се премногу лични. Сите знаеме дека ракометот е спорт еден во Македонија и нормално е луѓето секогаш да очекуваат одлични резултати од нас. Но, тие не се запознаени каква е атмосферата во репрезентацијата. Сликата од надвор не е таа вистинската како ние функционираме. Убеден сум дека Македонија има светла иднина – рече Талески.

ЕУРО 2020

Македонија