Македонскиот репрезентативец Филип Талески нема да остане во бундеслигашот Балинген, откако германскиот тим на официјалниот сајт објави дека нема да му го продолжи договорот, кој му завршува на 30 јуни годинава.
Талески пристигна во Балинген од редовите на Рајн Некар-Левен, но само по неколку месеци ќе мора да си бара нов предизвик во кариерата.
„Сакаме да се збогуваме со Филип и да му се заблагодариме на неговата посветеност во Балинген“, кажа директорот на клубот Волфганг Стробел.