понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 77
home Ракомет

Талески: Игравме различно од тактиката која Раул ни ја посочи

Талески: Игравме различно од тактиката која Раул ни ја посочи

Се виде дека од голема важност е што го немавме нашиот лидер. Тој пех што се случи и тоа лошо отворање беше клуч за овој меч, истакна Филип Талески по натпреварот со Шпанија кој заврши со победа на „Црвената фурија“ од 31-20.

-Се што правевме потоа беше залудно, разликата беше недостижна, имавме многу предадени топки. Шпанија си го доби својот меч. Не го покажавме најдоброто, игравме различно од тактиката која Раул ни ја посочи, можеби да го послушавме ќе беше поинаку, вели Талески.

Тој додава дека остануваат уште две средби и дека имаат уште шанси за победа доколку сакаат да продолжат понатаму.