Битолски Еурофарм Пелистер го доби третото засилување за сезоната 2021/22. Нов член на битолскиот суперлигаш е кубанскиот репрезентативец Реиние Табоада Дранкет, кој доаѓа од францускиот Данкерк.
Табоада се обрвза на договор на една сезонa со опција за уште една и по завршувањето на сезоната во Франција се очекува негово доаѓање во Битола и официјална презентација.
Сезонава во француското првенство Табоада одигра 24 натпревари и постигна 68 гола (2,83 гола по натпревар), а во целата своја кариера во Франција бележи 66 натпревари и 164 гола (2,48 гола по натпревар). Токму вчера реализираше пет гола во победата на Данкерк над Трембле со 28-23. Пред да дојде во Франција, Табоада настапуваше во португалската екипа Аванка, каде постигна 239 гола на 69 натпревари.