вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 105
Во живо

Изјава на Мицкоски и Сарамандов од Гевгелија

home Ракомет

Судиите Начевски и Николов наградени за афирмација на македонскиот ракомет

Судиите Начевски и Николов наградени за афирмација на македонскиот ракомет

Пригодни благодарници и еднократна парична награда во износ од по 1.000 евра им додели Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на судискиот тандем Ѓорѓи Начевски и Славе Николов за нивното учество во делење на арбитражата на Олимпиското финале во Токио и промоција на македонскиот ракомет.

– За нас како Федерација беше особена чест што довербата за делењето правда на финалниот ракометен меч на Летните Олимписки игри во Токио беше доделена токму на македонските судии Начевски и Николов, кои со предизвикот се износеа достоинствено и максимално професионално, изјави денеска претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

– Како вистински супер-амбасадори на македонскиот спорт, на неколку наврати на големите ракометни арени, овој судиски пар ја покажа и докажа својата експертиза, заради што ние како матична федерација одлучивме симболично да им се заблагодариме. Јас лично, искрено им посакувам нивната успешна приказна да продолжи додаде првиот човек на македонскиот ракомет.

За Начевски и Николов, Игрите во Токио беа втора олимпијада во измината деценија, во која еминентниот македонски судиски тандем ја делеше правдата и на повеќе европски и светски шрвенства

 

Локални избори 2021