петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 128
home Ракомет

Струшкиот ракометен турнир годинава без екипи од странство

Струшкиот ракометен турнир годинава без екипи од странство

Шест македонски прволигаши ќе настапат на 49. издание на Струшкиот ракометен турнир, на кој годинава, спротивно на традицијата, нема да учествуваат екипи од странство.

Бранителот на трофејот Еурофарм Пелистер ќе игра во групата Б заедно со Металург и Тиквеш, додека актуелниот шампион Вардар за противници во групата А ќе ги има екипите на домаќинот Струга и Бутел.

„Меѓународниот ракометен турнир – Струга 2021“ своето 49. издание ќе го има од 12 до 15 август на отвореното игралиште на Женска плажа во Струга.

Коронавирус