недела, 11. април 2021. Вести денес: 118
home Ракомет

Столе Стоилов: Некои играчи не ја сфаќаат големината на Вардар

Столе Стоилов: Некои играчи не ја сфаќаат големината на Вардар

По поразот од Мешков Брест во ЛШ по мечот  зборуваше и капитенот на клубот, Столе Стоилов.

Капитенот искажа незадоволство од залагањето на некои играчи во тимот и вели дека некој не сфаќа што значи да си дел од Вардар.

Тренерот на Мешков ме потсети што е проблемот во нашиот тим. На оваа конференција тренерот на Мешков кажа колку Вардар е специјален и како знае да направи кам-бек. И колку е голем. А, некои играчи кај нас не сфаќаат колку голем и специјален е овој клуб и го сфаќаат здраво за готово тоа што играат тука. Ова е најголемиот проблем овде. Тоа е она кое би сакал да го кажам“, изјави Стоилов.

Коронавирус