сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Столе ќе стисне заби за Турција, потоа го чека операција

Столе ќе стисне заби за Турција, потоа го чека операција

Македонската ракометна репрезентација ја чекаат два квалификациски меча за крај против Турција и Грција, а на еден од нив, селекторот Данило Брестовавц ќе може да смета на пивотот Столе Стоилов.

Стоилов го мачи повреда на менискусот одредено време, но ќе стисне заби и ќе игра на дуелот против Турција на гостински терен. Потоа, ќе легне „под нож“, ќе оди на операција и нема да може да игра на дуелот против Грција во Струмица.

Македонија гостува во Турција на 12 јуни, а четири дена подоцна го игра дома последниот меч. Со две победи, нашиот национален тим ќе оди на ЕП 2020 како лидер во групата и ќе има привилегија во ждрепката за наредниот континентален собир.

ИЗВОР: ГОЛ.МК

Коронавирус