Ракомет

Стојановиќ: Ракометните младинци максимално се посветени и се во одлична форма

Стојановиќ: Ракометните младинци максимално се посветени и се во одлична форма

Македонската младинска машка ракометна репрезентација оваа ЕХФ недела ја искористи да се собере и да одработи мини подготовките кои ќе бидат увертита за онаа што им следува оваа лето. а тоа е СП младинско првенство во Полска.

Во оваа акција, младинците ќе одиграат еден пријателски натпревар, против составот на Бутел Скопје на 8 мај. Овој меч е дел од подготовките за настапот на Светското првенство во Полска, каде Македонија ќе биде во групата со Исланд, Фарски Острови и Романија., а Мундијалот ќе се игра од 18 до 29 јуни.

Селекторот Раде Стојановиќ е задоволен од пристапот на ракометарите до сега на подготовките , кои се максимално посветени и се во добра форма.

– Оваа ЕХФ недела ја користиме повеќе за тренинг (тактичкии технички) и ке одиграме само еден натпревар со екипата на РК Бутел.  Многу е краток периодот буквално ке имаме само неколку дена пред почеток на самото светско првенство.Знаеме дека нашето првенството завршува на 7 или 8 јуни а ние веќе на 17 јуни треба да сме Полска. Играчите се максимално посветени како и секогаш,моментално се во добра форма и се надевам дека така ке биде и пред почетокот на СП.

Оваа генерација измените години постигнува одлични резултати во континуитет,9-ти на кадетско светско и 9-ти на Младинско Европско.Веќе ова е 4-то големо натпреварување последователно,а воедно и последно за оваа генерација раометари. Иако имаме за сигурно најтешка група на оваа Светско,сами ние ке бидеме задоволни доколку ја повториме нашата игра и стил ,пожртвуваност,борба,без штедење да го дадеме максимумот а со тоа се надеваме дека ке дојдат и победите.

Групата е незгодна, но и најтешка доколку се погледнат другите групи, сите репрезентации се сериозни. Како што реков европска група немаме противник од Азија и Африка. Романија и Исланд кој беше седми на последното ЕП во Словенија, играат брз и модерен ракомет, а Фарските Острови на последното СП со оваа генерација беа осми – знаат што прават и знаат како да изненадат. Ќе анализираме сè – од напад, одбрана, до играчи. Ќе се подготвиме како што треба, чекор по чекор. Секоја победа за нас ќе биде важна, само две репрезентации од групата одат понатаму“. Оваа генерација покажува со своите игри и постигните резултати како треба да се движи една генерација,лично за мене ние сме веќе победници за тоа што најмногу имаме веќе 5 до 6 играчи во А селекција – изјави селекторот на младинската репрезентација Раде Стојановиќ и дополни:

Јас верувам во новите генерации. Има талентирани млади ракометари кои не само што можат да бидат достојни наследници, туку и да го надминат тоа што ние сме го направиле. Но, тоа не оди преку ноќ – треба време, вложување и вистински систем. Нашата задача како стручни лица е да им обезбедиме услови и насоки, а нивна е задачата да го искористат потенцијалот и да го претворат во резултати.

Селекторот на ракометните младинци Раде Стојановиќ го прашавме и за неговите следни предизвици , односно што е ново кај него на клупски план.

– На клубски план моментално сум фокусиран да дојдеме со Тримо Требње до финале и борба за титула. Мојот договор со нив завршува на крајот на месец мај.

Имавме одлична сезона добри резултати но сепак соработка нема да ја продолжиме. Има интерес и во Македонија и надвор за мој ангажман но каде и да продолжам ке се одлучам после настапот на Светското во Полска –  рече Стојановиќ

 

To top