четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 53
home Ракомет

Стоилов: Во првото коло одигравме еден чуден натпревар, одиме на победа со Мешков

Стоилов: Во првото коло одигравме еден чуден натпревар, одиме на победа со Мешков

Екипата на РК Вардар ќе го пречека Мешков Брест в среда од 20:45 часот во рамките од второто коло во Лигата на шампионите.

Пред овој натпревар владее оптимизам во таборот на црвено-црните. Капитенот Стојанче Стоилов најави дека ќе одат на победа.

-Во првото коло одигравме еден чуден меч што можевме да го добиеме и да го изгубиме, а реми беше најреален резултат. Не чекаат три натпревари во серија. Имаме двајца нови играчи, а немаме доволно време. Се надеваме дека ќе одиграме најдобро што можеме и ќе победиме заедно со публиката, изјави Стоилов.

Локални избори 2021