среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Стоилов: Вардар не е ист со и без Кристопанс- наше е да се бориме, да пробаме да победиме

Стоилов: Вардар не е ист со и без Кристопанс- наше е да се бориме, да пробаме да победиме

Ракометарите на Вардар претстојниот викенд ги очекува можеби клучниот натпревар за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Капитенот Стојанче Стоилов најави игра на победа против Мотор Запорожје и покрај тешката ситуација во која се наоѓа Вардар поради финансиската криза.

-Си замина клучен играч. Вардар не е ист со, и без Кристопанс. Наше е да се бориме, да пробаме да победиме. Ова можеби се последните натпревари за нас тука. Нас никој ништо не ни кажува. Ние сме европски шампион. Односот спрема нас е смешен. Ќе видиме што ќе се случи. Наше е да дадеме се од себе, да го победиме Мотор, но реално сега каква што е работата, во прашање е доведена и титулата во Македонија, истакна Стоилов.

Натпреварот Вардар- Мотор Запорожје се игра во сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.