петок, 24. септември 2021. Вести денес: 129
home Ракомет

Стоилов повреден, ја пропушта контролата со Русија

Стоилов повреден, ја пропушта контролата со Русија

Машката ракометна репрезентација на Македонија на контролниот меч против Русија, в сабота, ќе настапи и без првиот пикер, Стојанче Стоилов.

На единствениот контролен дуел во оваа фаза од подготовките, нема да настапи ни капитенот Кире Лазаров кој ќе биде на поштеда на барање на Нант.

Стоилов на вчерашниот тренинг добил повреда на препоните и ќе мора да мирува во наредните две-три недели.

Повредата на Стоилов доаѓа во незгоден период во кој со Вардар наредната недела му престои настап на Ф4 турнирот во СЕХА, а потоа и четвртфиналниот дуел со Кил во Лигата на шампионите.

 

Коронавирус