понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 21
home Ракомет

Стоилов под посебна програма се подготвува за новата сезона (ФОТО)

Стоилов под посебна програма се подготвува за новата сезона (ФОТО)

Ракометарите на Вардар интензивно се подготвуваат за стартот на новата сезона. Тоа најдобро го потврди капитенот на европскиот шампион, Стојанче Стоилов, кој реши овој пат да тренира индивидуално, бидејќи се уште се рехабилитира од незгодната повреда која го мачи веќе подолг период.

Македонскиот репрезентативец минатиот месец имаше хируршки зафат, но очигледно е дека со режимот на тренинзи ќе биде подготвен за стартот на новата натпреварувачка сезона која започнува во сетември.

Едно е јасно, Стоилов дефинитивно нема да може да настапи на Супер-Глоуб.