понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 104
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Ракомет

Стоилов очекува пласман во финалето на СЕХА лигата

Стоилов очекува пласман во финалето на СЕХА лигата

Капитенот на европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов пред полуфиналниот дуел во СЕХА-лигата против Мешков Брест изјави дека го респектираат својот противник и дека тимот нема да ја повтори грешката од пред неколку години, кога во Скопје загуби во полуфиналето на регионалното натпреварување од ППД Загреб, тогаш во салата „Борис Трајковски“.

– Играме против одлична екипа, водена од искусен тренер, која ја почитуваме многу. Секоја година играме со нив, така што познат ни е противникот. Минатиот пат кога турнирот се играше во Скопје загубивме од Загреб, се надевам дека нема да се случи истото и очекуваме да играме во финалето, изјави капитенот Стоилов на прес-конференцијата пред мечот.

Тој додаде дека повредата веќе е надмината и се чувствува подготвено за игра.

Мечот против Мешков Брест почнува во 17:45 часот во „СЦ Јане Сандански“.

Парламентарни избори 2020