понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 29
home Ракомет

Стоилов: Ние сме европски шампиони и така треба да се однесуваме

Стоилов: Ние сме европски шампиони и така треба да се однесуваме

Европскиот ракометен шампион Вардар во недела, 18-ти февруари во СЦ „Јане Сандански“ излегува против унгарски ПИК Сегед во Лигата на Шампионите. Првиот меч со вицешампионот на Унгарија заврши нерешено, но „црвено-црните“ веруваат дека ќе дојдат до целосен плен и ќе ја продолжат серијата без порази во „Јане Сандански“.

На денешната редовна прес-конференција пред меч од ЛШ, тренерот на македонскиот тим, Раул Гонзалез изрази верба дека неговите ракометари ќе дојдат до триумф и ќе останат на лидерското место на табелата.

– ПИК Сегед е квалитетен противник, ќе играат со голема самодоверба, по одличниот натпревар против Рајн Нехар минатата недела. Добро се познаваме, но иако не чека тежок натпревар, очекувам добро издание и добар меч во кој мора да победиме. Дома мора да победиме, изјави Гонзалез.

Капитенот на тимот, Стојанче Стоилов пак смета дека им претстои тежок дуел против ПИК но и дека поразот во минатото коло не се одразил Барселона психолошки врз играта на Вардар.

– ПИК го знаеме добро, но и тие не познаваат. Ќе биде тежок натпревар, таму одигравме нерешено. Очекуваме ист меч, но ние сме европски шампиони така треба да се однесуваме, играме на домашен терен. Се надевам на добра игра и на победа, изјави Стоилов на денешниот прес.

Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед започнува во 17 часот.