вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 57
home Ракомет

Стоилов: Ако ја победиме Чешка, дуелот со Данска ќе биде на сè или ништо

Стоилов: Ако ја победиме Чешка, дуелот со Данска ќе биде на сè или ништо

Македонските ракометари како резултат на многуте грешки го загубија првиот дуел од групата 2 на ЕП и во Вараждин загубија од Шпанија со 31:20.

– Не може да се каже дека изгоревме. Лошо почнавме, Киро Лазаров се повреди кога можеби требаше да се вратиме и голманот „не утепа“. На полувреме Раул можеби сакаше да не одмори за Чешка и за Данска и мислеше дека не можеме да се вратиме. Ништо не е загубено со две победи можеме до полуфинале. Ме боли поразот имавме реални шанси за победа, многу топки продадовме, да преспиеме. Изгубивме денес и треба да се сконцентрираме. Ако ја победиме Чешка, дуелот со Данска ќе биде на се или ништо, изјави Стоилов.