среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 116
home Ракомет

Стевче Алушовски: Oвој Вардар во момент е многу поквалитетен од тоа што игравме на тој меч во септември.

Стевче Алушовски: Oвој Вардар во момент е многу поквалитетен од тоа што игравме на тој меч во септември.

Тренерот на актуелниот ракометен шампион Вардар 1961, Стевче Алушовски ветува дека екипата ќе го даде максимумот во првите 60 минути против Веспрем во рамките на ракометната ЛШ

– Прв натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Веспрем. Имаме уште два тренинзи да ги одработиме до почетокот на натпреварот. Ги анализираме ривалите, Веспрем е екипа која оваа година играше на Фајнал-фор во ЛШ, ја има фаворитската улога, но тоа не значи дека ние сме без шанси и дека лесно ќе се предадеме на овој двомеч.
Ние во финалето на СЕХА лигата оваа година игравме против Веспрем, таму останавме должни на нашите симпатизери за она што значи добар натпревар. Практично го загубивме мечот некаде во 40 минута. Мислам дека овој Вардар во овој момент е многу поквалитетен и повоигран од тоа што игравме на тој дуел во септември. Ќе го дадеме максимумот доколку биде тоа доволно да се радуваме, а јас се надевам дека ќе биде доволно, зошто да не сега и во првиот натпревар, како и на реваншот. Тоа што играме пред празни трибини, ни на првиот натпревар, ниту на возвратниот, не значи многу. Ниту е предност, ниту е слабост тоа што играме прв меч на домашен терен.

Имавме еден добар континуитет во формата, одигравме еден добар натпревар со Мотор, како и против Еурофарм Пелистер, два тешки меча за нас. И вчера во еден ден имавме два натпревари во Купот на Македонија, сето тоа ја држи екипата во натпреварувачки ритам. Мислам дека сме доволно подготвени да одговориме на предизвикот Веспрем – потенцира Алушовски.

Локални избори 2021