понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 90
home Ракомет

Стевче Алушовски: Остваривме три од четирите цели оваа сезона и честитки до играчите за максималното залагање до крајот

Стевче Алушовски: Остваривме три од четирите цели оваа сезона и честитки до играчите за максималното залагање до крајот

Ракометниот шампион на Македонија Вардар ќе замине на одмор со победа над Металопластика и пласман во четвртфиналето во СЕХА лигата, рунда за која натпреварувањето дополнително ќе одреди термини и која ќе се одигра после извесно време.

Стевче Алушовски стави крај на своајта етапа како тренер на македонскиот првак, но покрај него, од Скопје се збогуваа уште осум ракометари, а дури седум добија плакети со вардаровиот дрес за посебни заслуги. Јосип Векиќ, Васко Шеваљевиќ, Робин Кантегрел, Ловро Јотиќ, Марко Кизиќ, Кристијан Дисингер, Глеб Калараш и Иван Чупиќ се играчите кои си заминуваат од Вардар покрај тренерот Алушовски, кој на својот последен прес како тренер на Вардар нагласи дека си оди со остварени три од зацртаните четири цели на стартот од сезоната.

– Сакам да им честитам на моите играчи за перформансите на двата натпревари против Металопластика. Не е лесно да се игра, да пронајдете мотивација во последните натпревари од сезоната и беше јасно дека се мачевме да најдеме ритам во првите 15-тина минути. Остваривме три од четирите цели оваа сезона и честитки до играчите за максималното залагање до крајот. Денеска добија шанса и оние кои помалку играа, но на крајот ги вклучив и поискусните за да се вратиме по негативата,  изјави Алушовск

ЕУРО 2020

Македонија