петок, 7. мај 2021. Вести денес: 165
home Ракомет

Стефче Алушовски на крајот од сезоната заминува од Вардар

Стефче Алушовски на крајот од сезоната заминува од Вардар

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 од следната сезона ќе добие нов тренер. Имено, договорот на Стевче Алушовски истекува на крајот од оваа сезона, па на средината од јуни, кога ќе заврши плеј-офот, македонскиот стратег ќе биде слободен да побара нова средина.

Преговори за нов договор нема, па Алушовски и Вардар 1961 ќе се разделат, а на клупата на скопскиот клуб ќе седне нов тренер.

Вардар оваа сезона стигна до осминафиналето на Лигата на шампионите , а на домашна сцена е лидер во плеј-офот по осум одиграни кола во Супер лигата.

Алушовски ќе се обиде да ја освои двојната круна до крајот на својот договор со Вардар 1961.

Најсериозен кандидат за наследник на Стевче Алушовски на клупата на Вардар 1961 е Веселин Вујовиќ.

Коронавирус