Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Александар Стефанов, лично им честиташе на ракометарите по победата над Литванија и пласманот на Европското првенство (ЕП) кое во 2026 година ќе се игра во Скандинавија.
„Момци, честитки за пласманот на ЕП. Со среќа нека е, одигравме машки, борбено, храбро со срце, ја израдувавте цела нација. Одигравме според очекуваното, сега ни следи Европското првенство. Само да продолжиме вака, имаме добар дух и енергија, дишеме како еден и посакувам сите да се радуваме заедно на успеси секоја година“, изјави Стефанов пред играчите.