сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 38
home Ракомет

Стартува и машкиот ракометен шампионат

Стартува и машкиот ракометен шампионат

Македонската ракометна Суперлига стартува оваа седмица, а на програмата ќе бидат пет од предвидените шест натпревари.

Причина за пократката ракометна програма е одложениот дуел меѓу екипите на Металург и на Пролет.

По настапот во Европската лига на ЕХФ, десет ракометари на Пролет завршија во изолација поради протоколите во нашата држава и мечот нема да се игра.

Сезоната во македонскиот ракомет ќе се отвори со битолската пресметка меѓу Еурофарм Пелистер  и Еурофарм Пелистер 2.

Сите натпревари во македонскиот шампионат се закажани на 9 септември (четврток).

На останатите средби Вардар е домаќин на Скопје, Радовиш на Струга, додека Тиквеш му гостува на Охрид, а Прилеп на Бутел Скопје.
Мечот меѓу Металург и Пролет најверојатно ќе се одигра следната недела.

Коронавирус