вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 99
home Ракомет

Србија подобра од Македонија во пријателски меч

Србија подобра од Македонија во пријателски меч

Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа пораз од Србија со 25-33 на првиот контролен натпревар кој се одигра во Стара Пазова, како подготовка на домашните за настапот на Светското првенство (СП).

Најдобра кај Србија на овој натпревар беше Ковачевиќ со шест гола, а Јањушевиќ постигна пет, додека кај Македонија, Јанеска постигна девет гола и заврши пред Стојковска со четири гола.

Во мрежата на ривалот стрелаа уште Ристовска и Гичевска, кои дадоа по три гола, Кипринановска и Џатевска имаа по два гола, додека Ризоска и Дабеска погодија по еднаш.

Терминот на вториот пријателски натпревар е променет. Дуелот ќе се игра в понеделник од 12:00 часот.

Коронавирус