четврток, 15. април 2021. Вести денес: 69
home Ракомет

Србија доби Словенец за селектор

Србија доби Словенец за селектор

Ракометната федерација на Србија објави дека Словенецот Урош Брегар (42) е новиот селектор на женската ракометната репрезентација на оваа земја.

Урош во 2015 година стана деветтиот селектор на женската репрезентација на Словенија. Го предводеше националниот тим на три последователни Европски првенства и на два Мундијали во 2017 и 2019 година.

Брегар на местото селектор на српската ракометна репрезентација го наследи Љубомир Обрадовиќ, кој не успеа да ги одведе Србинките на ЛОИ во Токио.

Коронавирус