Данска и Франција без проблеми ги победија своите противници на последните натпревари од вчерашната програма од ракометното СП.
Во репризата на олимпиското финале од пред неколку месеци, Данска повторно беше пресилна за Германија и демонстрираше напаѓачка моќ во целиот тек на мечот, па во такви услови помалку мислеше и на одбрана.
Таквиот пристап направи да гледаме меч со 70 постигнати голови, но скандинавците славеа без проблеми и остварија нов триумф со резултат 40:30.
Со четвртата победа на турнирот, Данска сега е на чекор од ново четвртфинале на ракометните мундијали, а блиску до таков успех е и Франција.
„Триколорите“ лесно се справија со Унгарија и имаа „плус 8“ уште на полувреме, па откако на стартот на вториот дел стигнаа и до максимални „плус 11“, следеше опуштање и на крајот победија со 37:30.