четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 180
home Ракомет

Со кои ракометари Македонија ќе отпатува на СП во Египет?

Со кои ракометари Македонија ќе отпатува на СП во Египет?

Македонија ќе игра на Светското првенство 2021 во Египет!

Македонската ракометна репрезентација ќе патува во Египет откако попладнево од Чешката ракометна федерација и официјално потврдија дека нема да учествуваат на Светското првенство поради присуство на Ковид-19 во националниот тим.

Селекторот Данило Брестовац, по повредата на Бојан Маџовски, дополнително ги повика Димитар Димитриоски и Давор Палевски на левата крилна позиција, па во конкуренција остануваат 24 ракометари.

Доколку има потреба Брестовац може да одбере и од останатите ракометари што се наоѓаат на поширокиот список.

Ако се оди во Египет, таму би требало да патуваат 20 ракометари, а чартер летот ќе биде обезбеден од египетската ракометна федерација. Во меѓувреме беа направени тестови на коронавирус кај нашите ракометари, плус комплетни лекарски прегледи кои ги бара ИХФ, па Македонија е комплетно подготвена за пат – ако добие повик.

Список на ракометари:

НИКОЛА МИТРЕВСКИ
МАРТИН ТОМОВСКИ
НИКОЛА ДАНИЛОВСКИ
БОЈАН МАЏОВСКИ
ЦВЕТАН КУЗМАНОВСКИ
МАРТИН ПОПОВСКИ
НЕНАД КОСТЕСКИ
ЖАРКО ПЕШЕВСКИ
МИХАИЛ АЛАРОВ
МИЛАН ЛАЗАРЕВСКИ
ФИЛИП ТАЛЕСКИ
ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ
МАРИО ТАНКОСКИ
МАРКО МИШЕВСКИ
ГОРАН КРСТЕВСКИ
КИРИЛ ЛАЗАРОВ
МАРТИН ВЕЛКОВСКИ
МАРТИН СЕРАФИМОВ
ДАРКО ГЕОРГИЕВСКИ
МИХАЈЛО МЛАДЕНОВИЌ
СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ
НИКОЛА МАРКОСКИ
ДАВОР ПАЛЕВСКИ
ДИМИТАР ДИМИТРИОСКИ

Коронавирус