четврток, 22. април 2021. Вести денес: 113
home Ракомет

Службени бодови за Металург и Е.Пелистер во Европската лига

Службени бодови за Металург и Е.Пелистер во Европската лига
Josip Peric Romain Lagarde #8 / RNL , Rhein-Neckar Loewen vs. HC Eurofarm Pelister, RNL Saison 2020/ 2021, MSP_2411_Loewen, © Copyright: AS Sportfoto / Soerli Binder, www. as-sportfoto.de,

Скопскиот ракометен клуб Металург службено го доби натпреварот против Тулуз, а битолчани мечот со германскиот Рајн Некар Левен.

За Металург оваа службена победа е прва сезонава, откако на претходните осум натпревари македонскиот претставник запиша само едно реми.

Еурофарм Пелистер од друга страна со овие бодови стигна до петта победа и се зацврстија на четвртата позиција на табелата. За германскиот гигант ваквиот пораз беше прв во сезоната.

Причината поради која Е.Пелистер доби службени бодови е неможноста Рајн Некар да допатува во Македонија поради строгите мерки и рестрикциите кои се на сила во Германија.

foto: gol.mk

 

Коронавирус