среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

Словенија го совлада Исланд

Словенија го совлада Исланд

Словенија има максимални четири бода во новата група, денеска беа подобри од Исланд совладувајќи го со три голови разлика.

Словенците имаа одличен почеток, дојдоа до 7-2 на стартот на мечот, но Исланд успеа да се врати, да го сврти мечот и во неколку наврати во првиот дел да дојде до позитива од еден гол. По првите 30 минути Словенија имаше водство од 15:14.

Во вториот дел Словенците доминираа, Исланд тешко парираше. Словенија имаше предност и од шест голови разлика, на крајот славеше со 30:27.

Бомбач со девет голови беше главниот ракометар на Словенија во овој меч, Благотиншек и Мачковсек постигнаа по четири. Во составот на Исланд најдобар беше Елисон со шест погодоци.