недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Ракомет

Словенците обвинуваат: Македонија и Германија однапред договорија реми

Словенците обвинуваат: Македонија и Германија однапред договорија реми

Медиумите во Словенија изминативе денови напишаа еден куп текстови против судиите и против ЕХФ поради грабежот кој, според нив, им се случи на средбата со Германија, но и претходно на таа со Македонија, а во тој стил продолжија и вечерва по нашата пресметка со германската селекција.

Највлијателниот словенечки спортски портал „Екипа24“ набрзо по крај на средбата на Македонија со Германија излезе со луда теорија на заговор дека двете селекции однапред си го договориле ремито само за да ги зезнат – Словенците. Тие со ваков епилог спречиле можност „змајчеки“ дури и со триумф над Црна Гора да ги премине на табелата, а во следниот круг нивната селекција да влезе со најмал број пренесени бодови.

Како „доказ“ на ваквата луда теорија е фактот што нивната репрезентација била оштетена во пресметките и со двете селекции, кои и во тоа имале некаков удел.

Останува да се надеваме дека е ова само барање алиби пред стартот на втората фаза или, пак, во Словенија навистина веруваат во една ваква луда теорија на заговор, која е надвор од секоква реалност. Болката кај Стојанче Стоилов по промашениот шут за победа доволно говори колку нашите ракометари ја посакуваа победата над Германија.

спорт1.мк

Коронавирус