сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 1
home Ракомет

Словенците не се откажуваат: Словенија поднесе жалба, Вујовиќ пред суспензија

Словенците не се откажуваат: Словенија поднесе жалба, Вујовиќ пред суспензија

Репрезентатацијата на Словенија официјално поднесе жалба до ЕХФ заради спорниот епилог во завршницата на натпреварот против Германија. Литванската судиска двојка побара прегледување на ТВ-снимката по голот на Блаж Јанц, кој се чинеше дека донесе победа на Словенија над Германија.

Причината за прегледувањето на ТВ-снимката е некоректното спречување на брз центар од страна на Блаж Благотиншек. Вујовиќ на прес-конференцијата беше тивок, но во микс зоната обвини дека ракометот го водат дебили и неспособни луѓе. Постои основа дури и за казна по оваа изјава, иако не е дадена за сите новинари, туку за дел од словенечките новинари.

Мали се шансите дека жалбата ќе биде усвоена и дека натпреварот ќе биде регистриран со друг резултат од нерешениот резултат, 25-25.

Коронавирус