вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 48
home Ракомет

Словенците го пречекаа и го наградија Скубе за европската титула (ФОТО)

Словенците го пречекаа и го наградија Скубе за европската титула (ФОТО)

Иако поминаа три дена, се уште не стивнуваат реакциите по освојувањето на европската шампионска титула на ракометарите на Вардар.

По прославата во Скопје во понеделникот и по вчерашните приеми кај првите луѓе на државните институции, дел од ракометарите заминаа во своите држави за репрезентативните акции, а за дел од нив веќе почнува одморот.

Сташ Скубе се врати во Словенија, а во неговиот роден град Требње, му беше организиран пречек и беше награден за освоената шампионска титула.

Извор: 24rakomet.mk