вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 130
home Ракомет

Слободен влез за дуелот помеѓу Македонија и Црна Гора

Слободен влез за дуелот помеѓу Македонија и Црна Гора

Натпреварот помеѓу женските ракометни репрезентации на Македонија и Црна Гора во рамки на ЕХФ Евро Купот ќе биде отворен за навивачите, а влезот во салата „Борис Трајковски“ ќе биде слободен.

РФМ информираше дека сите оние кои сакаат да го гледаат дуелот во четврток со почеток од 20:15 часот нема да плаќаат билет, но ќе мора да ги исполнат критериумите за влез.

„При присуство на натпревар односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи: сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од корона вирусот, односно примена најмалку една доза на вакцина против заразната болест ковид-19 или сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување“, се вели во соопштението од ракометната федерација.

Капацитетот на салата „Борис Трајковски“ ќе биде отворен со само 30 отсто.

Коронавирус