четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 173
home Ракомет

Следете во живо: Македонија по пехарот „Трофеј Карпати“ (ВИДЕО)

Следете во живо: Македонија по пехарот „Трофеј Карпати“ (ВИДЕО)

Македонија денеска (17:15 часот) ќе ги одмери силите со Романија во финалето на „Трофеј Карпати“, откако во неизвесна завршница го совлада Алжир.

И на оваа средба селекторот, Данило Брестовац на располагање ќе ги има сите 20 ракометари кои отпатуваа на тест-турнејата, по која ќе биде познато кој успеал да го дополни оној конечен список за настап на Европското првенство во јануари.

Делегацијата од Букурешт се враќа утре за кога е закажана и официјална прес-конференција на која покрај предводникот на нашиот најдобар тим ќе се појави и капитенот, Кирил Лазаров.

Македонија е во група со Украина, дуел кој го играме на 10 јануари, како и со Чешка и домаќинот на нашата група Австрија. Мечевите се играат во Виена.

Коронавирус